Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски, кој во Автокоманда доаѓа од редовите на Динамо Југ од Србија.
„Пиратите“ продолжуваат да градат тим за влез во Првата лига, а за таа цел носат сигурни и проверени имиња. 35-годишникот низ неговата кариера беше дел од Локомотива, Тетекс, Работнички, Гостивар, а во Кипар настапуваше за Докса.
Скопје победнички го отвори пролетниот дел против Слога во Виница, а во сабота ќе игра дерби на домашен терен со Беласица.