Третолигашот Еуромилк ГЛ запиша победа на пријателскиот натпревар со второлигашот Вардар Неготино, на кој тест беа постигнати пет погодоци за конечни 3:2.
Некогашниот прволигаш од Горно Лисиче е есенски шампион во Трета лига – Север и цели кон враќање во Втора лига, а потоа клубот да се враќа како во старите добри времиња кога беше дел од фудбалската елита на Македонија.
Овој меч беше јасна потврда дека Еуромилк ГЛ има квалитетен ростер кој ќе треба да го потврди првото место во Трета лига – Север и преку бараж да се врати во Втората лига. Натпреварот се игра на теренот на ФФМ во Скопје.

Од друга страна, Вардар Неготино забележа уште еден пораз на пријателските натпревари, интересно од екипа која се натпреварува во понизок ранг, претходно тимот од Неготино со убедливи 3:0 загуби од третолигашот Победа во Валандово.
Вардар Неготино во пролетниот дел од Втора лига ќе цели кон опстанок во Втората лига, а тимот ќе го очекува „жешка“ пролет.
