Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ева Андонова го засили Слободен, во второлигашот пристигнаа Крстеска, Гроздевска, Поповска и Митевска

Сподели
Сподели

Второлигашот Слободен за вториот дел од сезоната ќе биде посилен со Ева Андонова која доаѓа од редовите на Билјанини Извори од Охрид, дознава Спортска Мрежа, а клубот веќе ги промовираше Елена Крстеска, Јована Гроздевска, Анастасија Поповска и Ивана Митевска.

19-годишната Андонова покрај за Билјанини Извори, во минатото настапуваше и за Каменица Саса, а се работи за исклучително талентирана фудбалерка која ќе биде големо засилување за скопскиот тим. Андонова има настапи и во Првата женска фудбалска лига, па така носи прволигашко искуство во тимот на Слободен. Инаку, Андонова има настапувано и за младинските репрезентации на Македонија, па покрај прволигашкото искуство има и репрезентативно искуство.

Покрај Андонова второлигашот Слободен има уште четири нови имиња кои веќе клубот ги потврди. Крстеска доаѓа од редовите на Истатов, нови прволигашко искуство, а 18-годишната беше дел од шампионската генерација на ЖФК Кул Здравје со освоен трофеј на Втората женска фудбалска лига во сезона 2021/22.

Гроздевска во Слободен доаѓа од редовите на Борец, има искуство со настапи во Првата лига, 21-годишната фудбалерка беше шампион на Втората лига со битолски Топ Гол во сезона 2022/2023.


Поповска е млад и талентиран голман, има 14 години, а во тимот на Слободен доаѓа од ЖФК Џи-Џи, која има бројни настапи во Младинската женска лига.

Митевска која има 18-години доаѓа од редовите на ЖФК Вардар и носи искуство во Слободен со настапи во ПЖФЛ.

На овој начин ростерот на Слободен ќе биде значително поквалитетен во пролетниот дел и тимот ќе цели сезоната да ја заврши што повисоко на табелата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!