Третолигашот БВК Коњаре не мирува на трансфер пазарот откако го претстави дури четвртото зимско засилување за вториот дел од сезоната во Трета лига – Север.
Тимот го засилува нападот со Бејтула Авдулаи, се работи за искусен фудбалер од одличен дриблинг и брзина, со што значително се очекува подигање на квалитетот во офанзивната линија и освежување во третата зона.
27-годишникот доаѓа од редовите не Башкими Љуботен, а во минатото настапуваше за Фортуна, Чаир, Беса од Добри Дол, Врапчиште, Македонија ЃП, Шкупи и Балкан Скопје од каде и ја започна кариерата.
Тимот, претходно како што објави Спортска Мрежа се засили со Давид Ристовски, Леонид Стојановски и Кристијан Ристовски.
БВК Коњаре есенскиот дел го заврши на второто место со 32 бодови, пет помалку од лидерот Еуромилк ГЛ, а засилувањата во ростерот доаѓаат во насока да се напаѓа првото место кое води кон баражот за Втора лига.