Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Ристовски и Стојановски!

Сподели
Сподели

Третолигашот БВК Коњаре за пролетниот дел од сезоната ги промовираше Кристијан Ристовски и Леонид Стојановски со кои треба да се зголеми конкуренцијата во сопствените редови.

29-годишниот Ристовски претходно беше дел од второлигашот Осогово од Кочани, Слога Виница, Скопје, Кадино, Тетекс, Гостивар, Илинден и Металург од каде и ја започна кариерата.

Ристовски всушност е повратник во редовите на БВК Коњаре, бидејќи во период од јули 2022 до јануари 2024 настапуваше за овој клуб.

Стојановски, кој пак има 23-години пристигна од Аеродром, беше дел од Скопје, Кожуф, Маџари Солидарност, Македонија ЃП и Металург, а шест месеци настапуваше во Малта.


Според информациите на Спортска Мрежа клубот треба да го засилат уште двајца фудбалери.

БВК Коњаре презимува на второто место на табелата во Трета лига – Север со 32 бодови, пет помалку од лидерот Еуромилк ГЛ и во пролетниот дел БВК Коњаре ќе се обиде да стигне до челната позиција која води кон баражот за Втора лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Влазерими на врвот, Караорман го следи лидерот, на дното е Демир Хисар

По седум кола во Трета лига регион 5 лидер на табела е...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!