Третолигашот БВК Коњаре продолжува со промоција на нови играчи за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Север, каде тимот ќе цели кон првото место кое води кон баражот за Втора лига.
24-годишниот Ристовски во редовите на БВК Коњаре доаѓа од второлигашот Осогово, претходно беше дел од Слога Виница, Кожуф, Кадино, Македонија ЃП и Вардар од каде и ја започна кариерата.
Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа, БВК Коњаре се засили со Леонид Стојановски и Кристијан Ристовски.
БВК Коњаре есенскиот дел го заврши на второто место со 32 бодови, пет помалку од лидерот Еуромилк ГЛ.