Денес на Градскиот стадион во Штип се одигра контролен натпревар меѓу второлигашот Брегалница и третолигашот Победа од Валандово кој заврши со резултат од 5:1 за „сините“ на Влатко Костов.
За штипјани стрелци беа Силјановски во 20. минута, три минути подоцна погоди Масевски, а во 44. минута од пенал сигурен беше Темелков. Во вториот дел Калпачки и Бојаџиев постигнаа погодоци, а за Победа Валандово единствен стрелец беше Бејков.
Во тимот во Валандово шанса им се даде и на доста помлади играчи, а преку овие натпревари имаат можност за значително подигање на формата за вториот дел од сезоната.
Тестот беше можност за проверката на формата на двете екипи кои претендираат од следната сезона да играат во ранг погоре – Брегалница сака влез во Прва лига, а пак Победа Валандово Во втора лига.
Следните контролни натпревари за Брегалница ќе бидат два теста со Каменица Саса, првиот закажан за 4 февруари во Македонска Каменица и на 7 февруари во Штип, а „генералката“ ќе биде против Вардар Неготино, а овој проследен контролен меч ќе се одигра на Градскиот стадион во Неготино на 14 февруари.
Следен контролен натпревар за третолигашот Победа од Валандово ќе биде следната сабота против второлигашот Кожуф од Гевгелија.