Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија го дозна ривалот во баражот за СП 2027!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација доби поволна позиција во борбата за пласман на Светското првенство 2027, откако настапот на Европското првенство ѝ обезбеди место меѓу носителите во бараж-ждрепката.

Со освоеното 14. место на континенталниот собир, надополнето со победа и реми против Романија и Португалија, Македонија ја избегна елитата на европскиот ракомет и во извлекувањето не се соочи со селекции како Франција, Шпанија, Норвешка, Словенија и останатите фаворити.

Ждрепката, која Европската ракометна федерација ја одржа по завршницата на ЕП, одлучи Македонија да се соочи со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка. Избраниците на Кирил Лазаров ќе го одиграат првиот натпревар на 13/14 мај, додека реваншот е закажан за 16/17 мај, при што Македонија како носител ќе има поволност да биде домаќин во еден од клучните дуели.

Победникот од овој бараж ќе обезбеди билет за Мундијалот, каде што ќе настапат најмалку 16 европски репрезентации. Македонија досега има девет настапи на Светските првенства, дебитирајќи во 1999 година во Египет, а најдобар резултат го оствари со 9. место на СП 2015 во Катар.


Пред македонските ракометари е уште еден предизвик, но и реална шанса повторно да се најдат на светската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!