Средбата од 12. коло на кошаркарската Суперлига меѓу МКК Куманово и Чаир беше прекината по само две минути игра, откако немаше услови натпреварот да продолжи.
Причината поради која се прекина натпреварот од првото пролетно коло беше лизгавиот под во салата, што беше ризично да се продолжи со игра поради можноста да се повредат кошаркарите.
При таква ситуација Четмен се лизна на теренот и падна, но за среќа не се повреди, а главниот судија на мечот веднаш донесе одлука за да се прекине натпреварот, а кој ќе се одигра утре од 19 часот.