Ракомет

Металург Автокоманда продолжува да ги губи ракометарките – нови заминувања!

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Продолжува вистинскиот егзодус во Металург Автокоманда, клубот „секој ден“ губи по некоја ракометарка, а беспарицата го носи пред тешко искушение за пролетниот дел од клубот.

Последните кои заминаа од тимот Марија Јанкулоска и Таида Беровиќ – станува збор за две талентирани ракометарки.

Претходно, од клубот си заминаа левиот бек Сузана Зечевиќ, замина и пикерот Сара Цветановска, левото крило Анастасија Николовска, Металург Автокоманда остана и без искусната голманка Слободанка Кицеска, средниот бек Ива Божиноска како и десното крило Марија Јанкуловска.

Во есенскиот дел тимот од Автокоманда забележа одлични резултати и се наоѓа на делба на челната позиција со Ѓорче Петров, наместо борба во пролетниот дел за титулата, сега клубот ризикува да остана без клучните ракометарки и во пролетниот дел да има сериозни проблеми, а тоа ќе влијае и тек како на резултатите во трката со актуелниот шампион Ѓорче Петров и Чаир кои се конкуренти за титулата.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!