Втора женска фудбалска лигаФудбал

Непоразениот лидер ЖФК Конзули во Втората лига ги стартуваше зимските подготовки

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели

Непоразениот лидер во Втората женска фудбалска лига, Конзули од Битола ги стартуваше зимските подготовки за вториот дел од сезоната.

Конзули зад себе има успешна есен со максимален ефект и без конкуренција е на врвот од табелата, а во пролетниот дел ќе треба да се повтори само челната позиција и тимот да обезбеди враќање во Првата женска фудбалска лига. Битолскиот тим има седум победи од толку натпревари и максимални 21 бод, а статистиката е за почит – 55 постигнати погодоци што е убедливо најмногу и само еден примен гол што е исто така убедливо најдобра одбрана во второлигашкото друштво.

Како што дознава Спортска Мрежа ростерот од есенскиот дел е сочуван, а поради квалитетот истиот без проблеми треба само да се „прошета“ низ вториот дел од шампионатот и да го подигне шампионскиот пехар и со тоа да обезбеди место во фудбалската елита во женска конкуренција.

Како што дознаваме ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари, а во следните денови ќе бидат познати противниците и датумите кога ќе се одиграат истите.


Пролетниот дел Конзули го отвара со гостување во Велес против екипата на Борец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!