Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за пролетниот дел – целта ќе биде опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. Раководството на клубот активно работи околу засилување на ростерот за пролетните предизвици.
„Рударите“ како што дознава Спортска Мрежа се засилија со две нови имиња – се работи за Филип Николовски кој доаѓа од редовите на Слога Виница и Михаил Танчев кој пристигна од Кожуф од Гевгелија.
21-годишниот Николовски се враќа во редовите на Каменица Саса, кој е негов матичен клуб. Покрај настапот за Каменица Саса и Слога Виница, Николовски градеше меѓународна кариера во Малта каде настапуваше за Сајренс.
Танчев кој има 19 години по шест месеци во Кожуф се сели во тимот на Каменица Саса, претходно беше во Раднички Ниш од Србија, а кариерата ја започна во Вардар каде ги мина сите младински категории на скопскиот клуб.
Според информациите на Спортска Мрежа се очекува во следните денови второлигашот од Македонска Каменица да се засили со уште неколку фудбалери.