Второлигашот Брегалница од Штип остана без искусниот Хусеин Демири, како што дознава Спортска Мрежа, 30-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Демири во Брегалница пристигна летото 2025 година, по шест месеци одлучи кариерата ја продолжи во нова средина. Во Штип дојде од Башкими, каде минатата сезона беше најдобар стрелец.
Демири за „сини“ оваа есен постигна четири гола, а низ својата кариера покрај за Брегалница и Башкими настапуваше за Охрид, Гостивар, Тетекс, Шкупи, Велезерими од Кичево, Македонија ЃП и Работнички на домашната сцена. Демири меѓународна кариера крадеше во косовските екипи Феризај, Дукаѓини, како и во екипата A&N, а беше дел и од Кеми Сити од Финска.
Претходно како што информираше Спортска Мрежа дресот на Брегалница нема да го носат Дарко Алексовски – Пеле, како и младиот Еди Мандак.
Брегалница презимува на третото место во Втората лига со 33 бодови, а подготовките на „сините“ започнуваат утре.