Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново го претстави Иљаз Чиљафи како ново засилување

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново за пролетниот дел ќе биде посилна со Иљаз Чиљафи, кој доаѓа од редовите на Слога Виница.

27-годишникот има драгоцено искуство кое ќе биде важно во остварувањето на пролетните цели на тимот од Арачиново.

Низ својата кариера Чиљафи беше дел и од Брегалница, Брера Струмица, Детонит Плачковица, Воска Спорт, Беса од Добри Дол, Тетекс, Гостивар, настапуваше и за Шкендија, Струга Трим Лум, Работнички и Вардар.

По разделбата со 13 играчи која ја направи Шкендија Арачиново, веќе следува пополнување на ростерот на тимот од Арачиново, со тоа што Чиљафи е шесто засилување, откако претходно беа претставени голманот Антонио Столевски, Сухејб Рушити во пакет од Слога Виница, Махир Ајрули од Каменица Саса, Владимир Жоглев од Осогово и Зани Назифи од Шкупи.


Шкендија Арачиново презимува на второто место со 35 бодови, еден помалку од лидерот Охрид.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Тиверија Брера која во првата фаза беше слободна одбраната на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со два бода и со второ место на тековната табела во групата...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!