Втора лигаФудбал

Брегалница се раздели со Дарко Алексовски – Пеле, фудбалерот изненаден!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Пред почетокот на зимските подготовки второлигашот Брегалница од Штип се раздели со Дарко Алексовски – Пеле, кој во продолжението од сезоната нема да го носи дресот на „сините“, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

Разделбата според нашите информации се случила пред околу еден час, кога бил информиран дека клубот повеќе нема да смета на неговите услуги, а фудбалерот бил изненаден за ваквата разделба која доаѓа неочекувано, а како што ни открива популарниот Пеле и без причина, но Алексовски ја почитува секоја одлука и пријателски се разделува со Брегалница.

Искусниот фудбалер кој има богата кариера и каде што секогаш го носел тимскиот и капитенскиот дух сега е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Алексовски по цели 17 години се врати во Брегалница, а неговото враќање беше поздравено од штипската фудбалска јавност, кога пристигна летото во 2025 година од редовите на Каменица Саса.

Низ својата кариера покрај за Саса, има настапувано и за Вардар Неготино, Детонит Плачковица, Осогово, Силекс, Кит Го од Пехчево, Баби како и за тимот на Модрича од Босна и Херцеговина.

Заминувањето на Алексовски од Брегалница веќе ги активира екипите околу неговиот потпис во обид да ги обезбедат неговите услуги, а во следниот период ќе биде познато каде популарниот Пеле ќе ја продолжи кариерата.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!