Втора лигаФудбал

Осогово на 17 јануари ги започнува подготовките

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Осогово од Кочани на 17 јануари ќе ги „запали моторите“ откако шефот на стручниот штаб Крсте Крстев со првата прозивка ќе означи старт на зимските подготовки.

„Жетварите“ веќе имаат закажано неколку пријателски натпревари преку кои ќе се „бруси“ формата за пролетниот предизвици каде тимот ќе цели кон директен опстанок во Втората лига.

Осогово презимува на осмото место на табелата со 24 бодови и целта ќе биде сезоната да заврши во зоната од осмата позиција па нагоре на табелата, тоа е зоната која гарантира директен опстанок во ВМФЛ.

Како што веќе ексклузивно објави Спортска Мрежа, Филип Димоски е првото засилување на Осогово, а се очекува тимот од Кочани да го претстави новото засилување во следните денови.


Од клубот засега замина само најдобриот стрелец Владимир Жоглев, кој е нов играч на Шкендија Арачиново, а како што дознава Спортска Мрежа раководството веќе интензивно води преговори за уште некое засилување. Пролетниот дел Осогово го отвара со лутиот ривал Каменица Саса во дерби на Истокот кое ќе се одигра во Кочани.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!