Прволигашот Башкими на 10 јануари официјално ќе започне подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Куманово, каде што екипата ќе престојува до 23 јануари, а главната фаза ќе се реализира од 23 јануари до 4 февруари во Хрватска.
На хрватско тло целта ќе биде подигнување на физичкото, тактичкото и организациското ниво на екипата, со цел што поквалитетни настапи во продолжението од сезоната и остварување на клупските цели.
Исто така, клубот информира дека во наредните денови ќе следи официјално претставување на новите засилувања кои ќе ѝ се приклучат на екипата за пролетниот дел од сезоната.