Прва лигаФудбал

Башкими ја продлабочи кризата на Работнички, Струга убедлива против Арсими

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Екипите на Струга Трим Лум и Башкими беа успешни на денешните натпревари од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот рутински го совлада Арсими со 4:0, додека Башкими во Куманово беше подобар од Работнички со 2:1.

Во Струга, актуелниот првак не дозволи изненадување. Избраниците на Бледи Шкемби од првиот свиреж тргнаа офанзивно и уште во осмата минута успеаја да ја затресат мрежата на гостите, но погодокот на Компаоре беше поништен по интервенција на ВАР. Сепак, тоа не ја поколеба домашната екипа – во 20-тата минута Бесмир Бојку одлично го проигра Марјан Радески, кој со прецизен удар го отвори резултатот за водство од 1-0.

Во второто полувреме, капитенот Буњамин Шабани ја презеде сцената. Со два брзи погодоци во 54. и 56. минута, Струга стекна висока предност и ја потврди својата супериорност. Точката на убедливиот триумф ја постави Христијан Малески, кој со прецизен удар од пеналтикот погоди за конечни 4-0.

Со овој триумф, стружани повторно се враќаат на врвот на табелата, барем до одигрувањето на натпреварот на Вардар, додека Арсими останува во долниот дел со само 15 освоени бода и се повеќе грижи околу опстанокот.


Во Куманово, Башкими ја продлабочи кризата на Работнички, славејќи заслужена победа со 2-1, а тоа беше деби победа за старо-новиот тренер Блаже Јанакиевски. Домаќините покажаа повеќе желба и енергија на тежок терен, а првото водство го обезбеди Абдулхади Јахја во финишот на првиот дел, кога одлично се снајде во шеснаесетникот и прецизно стрелаше за 1-0.

Во второто полувреме, новајлијата во елитата ја потврди подобрата игра со втор гол. Емануел Аворнио во 63. минута со удар со глава ја погоди гостинската мрежа за 2-0 и донесе мир во редовите на кумановци. Работнички се обиде да се врати во игра, а Дитмир Хоџа во 87. минута намали на 2-1, но немаше време за израмнување.

Ова е шести сезонски триумф за Башкими, кој сега се зацврстува во горниот дел од табелата со 22 бода, додека Работнички останува во опасната зона со само една победа од стартот на сезоната и сè поголема грижа околу опстанокот.

 


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!