Ракомет

Вардар Неготино пресилен за Шампион, Драчево Јуниор забележа убедлива победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Комплетирано седмото коло во Првата ракометна лига, каде тимот на Вардар Неготино однесе висока победа на гостување кај Шампион со резултат од 19:45.

Разликата во квалитет е голема и победата за тимот на Игор Котевски беше сосема очекувана. Со по пет гола кај домаќинот се истакнаа Давид Јовчевски и Ненад Богоевски, а кај гостинот од Неготино Христи Бикоски со седум гола беше прво име.

Текстилец го доби дербито со Овче Поле, бодовите останаа во Штип, а гостинот од Свети Николе загуби со 33:32. Голгетерот Јован Атанасовски беше прво име кај штипјани со девет гола, а го следеше Филип Џинес со осум погодоци.

Кај екипата од Свети Николе најдобар беше Филип Димчевски со десет погодоци, а пак Илија Димов имаше седум реализации.

Драчево Јуниор им се врати на победи откако со 29:20 го доби тимот на Македонија Ѓорче Петров. Прво име на листата на стрелци кај фаворитот беше Давид Младеновски со осум реализации.


Адис Салиу со 14 погодоци ја водеше Јехона до висока победа од 35:24 над Кичево, а кај поразениот тим со по шест погодоци се истакнаа Славко Бошковиќ и Петар Стерјоски.

Аеродром го доби мечот со Партизан на домашен терен со тесни 33:31. Бојан Божиновски со девет гола беше прв кај победникот, а кај поразената екипа Илија Пејковски постигна 15 гола, но тоа не беше доволно за триумф.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, дербито на колото се играше во Богданци, а на триумф се радуваше Младост од 31:30 над Мулти Есенс.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. На гостувањето во Финска, нашите футсалци загубија убедливо...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

Поврзани написи
Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!