Ракомет

Младост славеше во дербито со Мулти Есенс и се искачи на врвот на табелата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тимот на Младост од Богданци продолжува со одличните партии во новата сезона на машката Прва лига, откако во возбудливо дерби го совлада Мулти Есенс со 31:30 (16:15) и со тоа се искачи на првото место на табелата.

Дуелот беше динамичен и неизвесен во текот на целиот натпревар. Домаќините подобро го отворија мечот и неколкупати имаа предност од три гола, но гостите од Автокоманда успеаја да ја намалат разликата и со резултат 16:15 се замина на полувреме.

Во второто полувреме играта се водеше во висок ритам и со чести промени во резултатот, но Младост успеа да ја задржи контролата. Во завршните минути клучни беа интервенциите на голманот Кристијан Костадиновски и прецизниот шут на искусниот Лазар Адамовиќ, кој стрелаше за 31:29 и ја потврди победата на својот тим.

Адамовиќ беше најрасположен стрелец со 11 погодоци, додека Даниел Андоновски постигна пет. Кај гостите најистакнат беше Немања Џигеровски со седум гола.


Со овој триумф Младост останува перфектен и со натпревар помалку се наоѓа на врвот на табелата со ист број бодови како Мулти Есенс. Во следното коло избраниците на Горан Андоновски ќе ја пречекаат екипата на Јехона, со цел да ја продолжат победничката серија и да ја потврдат лидерската позиција.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. На гостувањето во Финска, нашите футсалци загубија убедливо...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

Поврзани написи
Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!