ФудбалЧетврта лига

Реми на Маџари Солидарност со Илинден, победи за Инџиково и Долно Коњари

Сподели
Маџари Солидарност - Илинден
Сподели

Третата рунда од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига донесе дури три ремија и две победи од пет одиграни натпревари, а во рамки на оваа рунда одмараше екипата на Марино.

Маџари Солидарност и Илинден ги поделија бодовите во меч со четири погодоци за конечни 2:2.

Гостинот преку Антониот Петровски во 24. минута дојде до водство од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Златан Крстевски во 64. минута израмни на 1:1, во 76. минута Коста Најдовски погоди за ново водство на Илинден од 1:2.

Домашниот тим се спаси од пораз и обезбеди бод благодарение на вториот гол на Крстевски кој погоди во 92. минута за конечни 2:2.

Дељадровци и ланскиот третолигаш Петровец ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Насковски во 7. минута погоди за домаќинот, а во 35. минута Трајковски ги постави конечните 1:1.

Реми со по еден гол (1:) беше забележан и на мечот меѓу Бујковци и Гоце Делчев, откако гостинот во финишот дојде до бод.

Аземи во 73. минута постигна гол за 1:0, а Петревски во 90. минута постигна гол за конечни 1:1 и поделба на бодовите.

Маџари Солидарност – Илинден

Миладиновци на домашен терен претрпе пораз од 1:3 од екипата на Долно Коњари. Бишевац во 3. минута постигна гол за 0:1 на полувреме. Во второто полувреме Марковски од пенал израмни на 1:1, а потоа Мушовиќ даде гол за 1:2 и водство за гостинскиот тим, а потоа токму Мушовиќ доби црвен картон со што гостинскиот тим беше со играч помалку на теренот.

Во 87. минута Цветковски постигна гол за конечни 1:3 и голема победа за гостинот.

Инџиково со 3:2 го доби дуелот со Ускуп на домашен терен. Во првиот дел паднаа по еден гол откако Кумбараџи даде гол за 0:1, а потоа Трпковски даде гол за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме Дарлишта стрелаше за водство на гостинскиот тим, а потоа со два брзи гола во 68. и 70. минута на Виктор Петровски домаќинот направи пресврт за конечни 3:2.

  • ТАБЕЛА ОД ОФЛ ГАЗИ БАБА – ЧЕТВРТА ЛИГА:

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!