Прва лигаФудбал

Велија: Сакаме да фатиме победнички ритам и да ги покажеме нашите вредности

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Арсими ќе го пречека Шкупи во рамките на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, во натпревар кој носи големо значење за двата тима. Тимот од Чегране е решителен да се вратат на победнички патеки по последните неуспеси, додека составот од Чаир се наоѓа во серија на слаби резултати и очајно бара излез од кризата.

Еден од најдобрите играчи на Арсими, Башким Велија, е полн со оптимизам и верува дека екипата има сили за позитивен резултат.

“Нормално е што сме разочарани што не ја совладавме Брера, затоа што не реализиравме многу шанси. Но, фудбалот е таков ,мора да гледаме напред. Сега не очекува противник како Шкупи, знаеме дека тие се во криза, но ние ќе излеземе на терен само за победа. Сакаме да фатиме победнички ритам и да ги покажеме нашите вредности. Имаме добра енергија во екипата и сите сме фокусирани на истата цел. Со поддршка од публиката верувам дека можеме да дојдеме до посакуваниот резултат”, додаде Велија.

Арсими моментално има пет бодови на табелата и се надева дека токму против Шкупи ќе ја прекине негативната серија и ќе ја врати самодовербата. Дуелот ќе се одигра денес на градскиот стадион во Гостивар со почеток од 15:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!