Трета лигаФудбал

Радески ќе им суди на Дрита и Ренова, Урошевиќ на Љуботен и Камјан

Сподели
Сподели

Денес со два натпревари се отвара третата рунда на Трета лига – Запад, а која се затвара утре со четири натпревари. Познати се судиите кои ќе делат правда на истите.

Дене со почеток од 16 часот во Кичево екипата на Напредок ќе се соочи со Зајази, а за правдата ќе биде задолжен Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат Куштрим Лика и Осман Зеќири од Кичево. Стартот на натпреварот е во 16 часот.

Влазерими на домашен терен ќе се соочи со Вардар од Брвеница, главен судија на овој меч ќе биде Бенарт Зеќири од Кичево, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Вели Абдиу од Кичево, а почетокот е во 15 часот.

Останатите средби се играат в недела.

Скендербеу во Порој ќе ја пречека Речица, а Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен судија со неговите помошници Хабиљ Љиворека и Метин Османи од Тетово. Натпреварот ќе започне во 16 часот.

Во Боговиње екипата на Дрита ќе игра против Ренова, а правдата на овој меч ќе ја дели Дарко Радески од Брвеница, негови помошници ќе бидат Орхан Сабри од Шемсово и Александар Ѓорѓески од Тетово. Почетокот на овој меч е за во 16 часот.

Ивица Перовски од Тетово ќе им суди на Доброшти и Џепчишти, меч кој стартува во 16 часот, а негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Генти Идризи од Тетово.

На средбата меѓу Љуботен и Камјани правдата ќе ја дели Александар Урошевиќ од Тетово, а на аут линиите ќе бидат Метин Османи и Хабиљ Љиворека од Тетово.

Натпреварот ќе започне во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе стигне до позитивен резултат во големото дерби против лидерот Шкендија. Овие...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!