Трета лигаФудбал

Ѓорѓиевски ќе им суди на Света Троица и Влазними во Охрид, Спироски главен во Дебар

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 3. коло во Трета лига – Југозапад.

Ѓоржи Лаброски од Струга ќе им суди на Демир Хисар и Славеј од Мешеишта, а ќе му помагаат Јован Анѓелоски и Петко Бушевски од Струга.

На натпреварот меѓу Велешта и Кравари правдата ќе ја дели Стефан Петрушевски од Охрид, а ќе му помагаат Тино Секулоски и Драган Ѓорески, исто така од Охрид.

Битолчанецот Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Света Троица и Влазними во меч кој се игра во Охрид, а ќе му помагаат Петар Степановски и Горан Танечвски од Битола.

Мики Милосовски од Кичево ќе им суди на Караорман и Могила, а негови асистенти ќе му бидат Љупчо Спироски и Михајло Ванкоски од Охрид.

За правдата на натпреварот меѓу Кораб и Напредок од Ношпал кој се игра во Дебар ќе биде задолжен Анѓеле Спироски од Струга, а помошници ќе бидат Кренар Бекри и Бетиме Адеми од Струга.

Сите натпревари се играат во недела со почеток од 15 часот, освен мечот во Струга меѓу Караорман и Могила кој се игра во сабота.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!