Прва женска фудбалска лигаФудбал

Величков ќе им суди на Љуботен и Тиверија Брера, Младеновски на Вардар и Скопје

Сподели
Сподели

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 7. коло во Првата женска фудбалска лига.

Четири од пет натпревари ќе се одиграат утре, а пак натпреварот меѓу Ас Јунајтед и Речица ќе се одигра на 2 октомври, кога ќе се комплетира седмата рунда.

Токму на овој натпревар кој се игра во Струга правдата ќе ја дели Дени Лековски од Битола, а ќе му помагаат Ангела Домазетовска и Петар Степановски од Битола.

Овој натпревар ќе започне во 15 часот.

Во однос на утрешниот натпревари во Тетово шампионот Љуботен ќе го пречека тимот на Тиверија Брера, а правдата ќе ја дели велешанецот Боби Величков, а ќе му помагаат Радмила Неркова и Александар Ајдаров исто така од Велес.

Стартот на овој натпревар е закажан за во 16 часот.

Дејан Младеновски од Скопје ќе им суди на Вардар и Скопје, на меч кој се игра на „Цементарница 55“, а ќе започне во 14 часот.

Негови помошници ќе бидат Тамара Цветановиќ и Тамара Астарџиева од Скопје.

Во Пржино ќе се соочат Скопје и Топ Гол каде задолжена за правдата ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар, а нејзини помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски од Скопје и Цветанка Савеска од Јегуновце.

Стартот на овој меч е од 15 часот.

Во Македонска Каменица домаќинот Каменица Саса како апсолутен фаворит ќе се соочи со Кочани. Спире Арсов од Кочани ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Кирил Јованов, исто така од Кочани.

Натпреварот е закажан за во 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!