Трета лигаФудбал

Џамов ќе го суди дербито во Валандово меѓу Победа и Овче Поле, дербито во Струмица за Јанев

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од четвртото коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.

Четвртата рунда го носи дербито во Валандово меѓу Победа и Овче Поле, а правдата ќе ја дели Тоше Џамов од Кочани, а негови помошници ќе бидат Игорче Богатинов и Петар Михаилов од Кочани.

Во Струмица локално дерби на Тиверија и некогашниот прволигаш Хоризонт Турново, а правдата ќе ја дели судиска тројка од Струмица. Главен судија ќе биде Блаже Јанев, а ќе му помагаат Панче Пецев и Александар Митев.

Правдата на натпреварот меѓу Карбинци и Дојранско Езеро ќе ја дели Борче Коцев од Радовиш, а негови помошници ќе му бидат Марио Кочијев од Штип и Тодор Апостолов од Зрновци.


Брегалница во Делчево ќе биде домаќин на Рудар, а правда ќе ја дели судиска тројка од Штип на чело со Иван Јанев и неговите помошници Игор Филипов и Цане Давитков.

Во Пирава ќе се соочат екипите на Ударник и Светлост од Зрновци, а за правдата ќе бидат задолжени Блаже Петковски од Миравци како главен судија и неговите помошници Илија Атанасов и Андон Михајлов од Гевгелија.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот, а во рамки на четвртото коло слободна ќе биде екипата на Малеш од Берово.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!