Фудбал

По шест години пауза, започна нов курс за УЕФА ПРО лиценца за тренери во Македонија

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

По пауза од шест години, во Македонија повторно е оформена група од 22 кандидати кои ќе го следат највисокото ниво на тренерска едукација – УЕФА ПРО лиценца.

Отворањето на семинарот го поздрави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој изрази голема поддршка од страна на федерацијата и потенцираше дека стекнувањето со УЕФА ПРО е клучно за подигање на критериумите и квалитетот на домашните лиги.

ФОТО:ФФМ

Настанот го збогатија бројни легенди на македонскиот фудбал, меѓу кои Горан Пандев, Илија Најдоски, Благоја Милевски, Агим Ибраими и Бобан Бабунски, кои со своето присуство дадоа дополнителна мотивација на кандидатите. Директорот на Центарот за едукација на тренери, Борче Христов, истакна дека учесниците ќе поминат низ осум модули со предавања, практични тренинзи и дискусии со врвни домашни и меѓународни експерти, во согласност со новата УЕФА конвенција 2025/2026.

ФОТО:ФФМ

Големиот интерес за курсот е показател за растот на тренерската професија во земјата. Меѓу кандидатите се наоѓаат многу поранешни и активни фудбалери, како Дарко Тасевски, Бобан Грнчаров, Влатко Гроздановски, Един Нурединоски, Марио Ѓуровски, Филип Ивановски и други. Посебно значаен момент е учеството на две жени-кандидати, што претставува првпат во рамките на УЕФА ПРО во Македонија. Нивниот образовен процес е поддржан и стипендиран од ФФМ и УЕФА, како дел од напорите за развој и афирмација на женскиот фудбал.

ФОТО:ФФМ

Програмата ќе обработува теми од лидерство и менаџмент, анализа на играта, психолошка подготовка на фудбалерите, комуникациски вештини и современи тренинг методи. Кандидатите ќе имаат можност да учат од врвни европски предавачи како Алберт Капељас, Гинес Мелендез и Курбан Гурбанов, како и од домашни експерти.

ФФМ им честита на сите кандидати и потврди дека ќе продолжи со вложувања во тренерската едукација и развојот на професионалниот фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!