Ракомет

ЕХФ потсети: Кирил Лазаров вечен лидер на листата на најдобри стрелци во ЛШ

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ) потсети на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на ова елитно натпреварување. На нејзиниот врв неприкосновено стои македонската ракометна легенда и најдобар десен бек во историјата на европскиот ракомет – Кирил Лазаров.

Лазаров е апсолутен лидер со неверојатни 1.468 погодоци, бројка која со години останува недостижна. Зад него се наоѓаат:

  • Тимур Дибиров – 1.212 голови

  • Никола Карабатиќ – 1.198 голови

  • Микел Хансен – 1.138 голови

  • Момир Илиќ – 969 голови

Името на Лазаров блескаше во елитниот европски ракомет цели две децении. Тој остави длабока трага настапувајќи за ракометни гиганти како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, а својата играчка кариера ја заврши во францускиот Нант.

Неговата голгетерска особина и понатаму претставува репер за идните генерации, а факт е дека Македонија засекогаш ќе биде запишана на врвот на европската ракометна историја преку делото на Кирил Лазаров.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!