Втора лигаФудбал

Тетекс се враќа дома – „Градскиот стадион“ повторно нивен дом!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

По години на неизвесност и „проштални“ натпревари на други терени, фудбалскиот клуб Тетекс конечно се враќа таму каде што отсекогаш припаѓал – на Градскиот стадион во Тетово.

Клубот преку официјалните канали потврди дека претстојниот натпревар против Слога Виница ќе се одигра во вистинскиот дом на „штофарите“. За љубителите на фудбалот во Тетово ова е повеќе од обична вест – тоа е враќање на една традиција, емоција и спортска историја.

Во изминатите години, Тетекс се соочуваше со бројни проблеми и несогласувања околу користењето на стадионот, особено со Шкендија и локалните власти, поради што беше принуден да игра на алтернативни терени. Сега, ситуацијата конечно изгледа решена, а клубот е подготвен да ја врати старата магија.

Очекувањата се големи. Од управата на клубот повикуваат сите тетовчани – млади и стари, вистински вљубеници во фудбалот – да го исполнат Градски и да создадат атмосфера каква што одамна недостасуваше.

„Ова е само почеток,“ порачуваат од клубот, најавувајќи дека враќањето дома е првиот чекор кон нови победи, нови успеси и подобра иднина за Тетекс.

Во недела, Тетово повторно ќе живее за фудбалот – а „Југ“ повторно ќе одекнува.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!