Ракомет

ГРК Преспа 2025 ја започнува својата мисија – Ресен повторно ја враќа ракометната приказна на големата сцена

Сподели
Сподели

Ресен од оваа сезона добива нов ракометен претставник – Градски Ракометен Клуб Преспа 2025, тим кој произлегува од фузијата на двата досегашни субјекти, СРК Преспа Вардар и Младост. Со овој чекор започнува нова ера на ресенскиот ракомет, кој има богата традиција и долгогодишна историја на создавање таленти.

Клубот ќе се натпреварува во Првата лига, а целта е повеќеслојна – од изградба на карактерно силни и дисциплинирани млади спортисти, па сѐ до враќање на ракометната слава на Преспа. Како што истакна претседателот Александар Крстевски – Пента, обединувањето на двата клуба е стратешки потег што треба да донесе посилен и поконкурентен тим, кој ќе ги мотивира младите и ќе биде гордост за целата општина.

Во управата на клубот се вклучени и Николче Даскаловски, Никола Ставревски, Дејан Петровиќ и Дане Ѓоргиевски, луѓе со јасна визија за иднината. Плановите вклучуваат создавање фан-зона и канцеларија за играчите, реновирање на теретаната и обезбедување современа опрема и реквизити за сите младински категории.

„Од денес започнува и официјално со работа новоформираниот спортски субјект Градски Ракометен Клуб Преспа 2025. Во овој клуб се фузираа двата досегашни ракометни субјекти Р.К.Преспа Вардар и РК.Младост.

  • Целта на овој субјект е најпрво да изградиме здрави,карактерно силни,воспитани,културни,дисциплинирани личности,а подоцна и спортисти,кои се иднината на нашата Општина Преспа.
    Планирани Цели:
  • Најпрво да се стави во функција официјална канцеларија и фан зона (бифе),каде овие млади ракометари ќе се дружат и тренираат.Да ја засакаат спортската сала,како свој дом,да си имаат свое култно место и да ги отргниме од секојдневните негативности и пороци.
  • Второ да му обезбедиме опрема,реквизити и сите потреби на школите за нормално функционирање на клубот(кадети,пионери,младинци…).
  • Трето да ја изградиме теретаната која беше во функција претходно.
  • Успесите и резултатите сигурни сме дека ќе си дојдат со многу работа и труд.
  • Преспа е еден познат докажан ракометен расадник на талетни во нашата држава и во иднина ќе се радуваме на новите шампиони,репрезентативци,интернационалци…
  • За да ги реализираме нашите идеи потребни ни се поддржувачи Општествено одговорни компании.Подржувачите ќе ги објавуваме јавно на нашата страна на ФБ.,со цел и другите да го следат примерот.
  • На сите подржувачи ќе му даваме очет(на крај на година) за сработеното и смер каде се инвестирани нивните средства и на истите ќе имаат можност за увид во секое време“, вели претседателот на клубот Александар Крстевски.

Ресен е одамна препознаен како ракометен расадник, а токму од овој град потекнува клубот Преспа Јафа Промет – првиот македонски шампион кој настапил во групната фаза од Лигата на шампионите. Со создавањето на ГРК Преспа 2025, љубителите на спортот повторно добиваат причина за гордост, а новата генерација ракометари ќе има шанса да ги продолжи славните традиции.

Клубот веќе апелира и до општествено одговорните компании од регионот да се приклучат во поддршката, со што ќе се овозможи стабилен развој и остварување на поставените цели.

Ресен повторно ја враќа ракометната приказна на големата сцена – овој пат преку ГРК Преспа 2025.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло...

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!