КупФудбал

Башкими убедливо ја декласираше Победа за осминафинале во Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово обезбеди место во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на гостински терен ја совлада Победа во Прилеп со убедливи 0-4.

Новопромовираниот прволигаш целосно го контролираше мечот на стадионот „Гоце Делчев“ и ја потврди својата фаворитска улога.

Резултатот го отвори Недим Хаџич во 25. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Ресуљ Мемети во 76. минута постигна гол за 0:2, а потоа во две минути во 80-та и 82-ра Мухарем Мислими и Емануел Аворнуо постигнаа погодоци за конечни 0:4.

Со оваа победа, Башкими се приклучува на веќе познатите осминафиналисти: Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново, додека Вардар и Струга се веќе директно пласирани како минатогодишни финалисти.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!