Втора лигаФудбал

Кожуф блеска под водство на Варадиновски: „Имаме одличен старт, но мораме да останеме приземни“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Кожуф ја продолжи серијата одлични настапи во новата сезона, совладувајќи ја Каменица Саса на гостински терен со убедливи 1:3. Гевгелчани одиграа уште еден зрел и дисциплиниран натпревар, кој им ја донесе втората победа во првите три кола.

По натпреварот, тренерот на Кожуф, Иван Варадиновски, за „Спортска Мрежа“ ја истакна важноста на внимателниот пристап.

„Имаме одличен старт, но тоа не треба да нè залажува, бидејќи уште сме на самиот почеток. Лошо влеговме во натпреварот и лесно можеше домаќините да поведат. Сепак, брзо се консолидиравме и стигнавме до посакуваната цел. Целосно сум задоволен од тоа како изгледаме во овие три натпревари, а за тоа најмногу заслуга имаат играчите и нивната посветеност во секој сегмент на играта.“

Со оваа победа, Кожуф останува меѓу водечките екипи во Втората лига, додека Каменица Саса ќе мора да бара излез од кризата во следните кола, со оглед на слабите резултати и тешкиот распоред кој следува.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!