Втора лигаФудбал

Здравков по триумфот над Слога: „Најважни се трите бода, сега се фокусираме на Беласица“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Детонит Плачковица ја запиша својата прва домашна победа сезонава, совладувајќи ја Слога Виница со минимални 1:0 на Градскиот стадион во Радовиш. Херој на натпреварот беше Сашо Дуков, кој го постигна единствениот погодок на средбата.

Иако резултатот е минимален, натпреварот понуди динамична игра и неколку стопроцентни шанси за двата тима. По дуелот, тренерот на Детонит, Горан Здравков, за „Спортска Мрежа“ ги сподели своите впечатоци:

„Најважно за нас е дека победивме, најважни се трите бодови. Натпреварот беше тежок затоа што имавме искусен противник кој знае што сака. Во првото полувреме бевме подобри, постигнавме гол и имавме уште три-четири чисти шанси, дури погодивме и пречка. Во второто полувреме бевме повнимателни, чекавме шанса на контра и полуконтра и успеавме да се одбраниме. Најважно е што противникот не создаде ниту една вистинска шанса за гол.“

Здравков се осврна и на почетокот на сезоната, потенцирајќи дека тимот мора да биде задоволен со освоените бодови:

„Мораме да бидеме задоволни со шесте бода кои ги имаме во моментов. Натпреварот во Јегуновце беше разочарувачки поради судиските одлуки, но тоа е минато. Сега фокусот е кон следниот дуел со Беласица, која е еден од главните претенденти за влез во Првата лига. Доколку се игра во вечерни часови, тоа ќе биде мотив плус за нас, бидејќи ќе биде посвежо и ќе имаме доволно време да се подготвиме.“

Со оваа победа, Детонит Плачковица најавува амбициозна сезона и потврдува дека ќе биде сериозен конкурент за висок пласман во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!