Прва лигаФудбал

Петар Петковски е ново засилување во нападот на Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер на самиот крај од летниот преоден рок го засили офанзивниот дел од тимот со искусниот интернационалец Петар Петковски.

28-годишниот напаѓач, кој има репрезентативно искуство во младинските категории на Македонија, и се враќа во домашниот шампионат по настапите во романската лига. Во кариерата Петковски ги носеше дресовите на Вардар и Работнички, додека во Романија играше за Ботошани и Конкордија.

Станува збор за фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во нападот, а неговото искуство ќе биде од големо значење за амбициите на Пелистер оваа сезона. Тој веќе ги мина лекарските прегледи и официјално беше претставен пред јавноста.

Петковски веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Димитар Капинковски, а неговото деби се очекува на 14 септември против Арсими во рамките на четвртото коло од Првата македонска лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!