Втора женска фудбалска лигаФудбал

Конзули е прв фаворит, Билјанини Извори и Порече сакаат влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига ќе стартува на 14 септември со натпреварите од Првото коло.

Шампионот обезбедува директен влез во Првата женска фудбалска лига, а пак второпласираниот тим игра бараж за можен влез во елитата со претпоследната екипа од Првата лига.

Ако минатата сезона во Втората лига настапија осум екипи и во двокружен систем од 14 екипи, во сезона 2025/2026 ќе настапат само шест екипи во трокружен систем или 15 кола. Првото коло се игра на 14 септември, а есенскиот дел завршува на 26 октомври, а зимската пауза ќе трае 5 месеци и еден ден, бидејќи пролетниот дел е закажан за 29 март 2026 година.

Имаше најави за неколку нови екипи, но сепак се одлучија да не пријават екипа во Втората женска фудбалска лига.

Поранешниот шампион Конзули од Битола се враќа на фудбалската карта и изгради тим со кој се наметнува како прв фаворит во лигата, а пак од сенка за првото место ќе напаѓа Билјанини Извор од Охрид, поранешниот шампион на Македонија сака влез во Прва лига.

Во трката за место кон елитата сака да фати приклучок и Порече, а тимот од Македонски Брод за таа цел ангажираше неколку нови засилувања.

Во следните денови ќе направиме комплетна анализа на сите екипи и ќе ги претставиме сите засилувања.


Плачковица од Радовиш ќе биде конкурентна да фаќа приклучок за висок пласман односно трето место, додека пак Борец и Слободен ќе водат битка да се избегне последното место, но може да се случи и некое изненадување.

Во рамки на првото коло во Охрид екипата на Билјанини Извори како фаворит ќе го пречека Борец, Конзули во улога на голем фаворит ќе игра против Плачковица, а пак Порече, исто така како фаворит ќе игра против Слободен.

Во следните денови следете емисија на Спортска Мрежа за Втората женска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!