Втора женска фудбалска лигаФудбал

Конзули домаќин на Плачковица, Билјанини Извори отвара против Борец, Порече го чека Слободен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна писмена согласнот | АРХИВА
Сподели

На 14 септември ќе започне новата сезона во Втората женска фудбалска лига, со само шест екипи, а кои ќе играат во трокружен систем.

Ќе настапат Билјанини Извори од Охрид, Борец од Велес, повратникот Конзули од Битола, Плачковица од Радовиш, Порече од Македонски Брод и Слободен од Скопје.

Екипата на Победа Валандово одлучи да не пријави учество во Втората женска фудбалска лига, а пак Вардар кој минатата сезона беше поразен во баражот отпосле доби можност да игра во елитата, откако Атлетико од Битола се откажа од натпреварување во Првата женска фудбалска лига.

Во рамки на првото коло во Охрид екипата на Билјанини Извори како фаворит ќе го пречека Борец, Конзули во улога на голем фаворит ќе игра против Плачковица, а пак Порече, исто така како фаворит ќе игра против Слободен.

Првото коло носи домашни фаворити и очекуваме победи за домаќини, а се друго ќе има изненадување на било која од овие три средби.

Во новата сезона ќе се одиграат 15 натпревари, а во рамки на есенскиот дел ќе се одиграат седум кола, последното есенско коло ќе се одигра на 26. октомври, а пак пролетниот дел почнува дури на 29. март 2026 година и ќе има зимска пауза од пет месеци. Попрецизно 153 дена или 5 месеци и еден ден.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!