Синоќа на турнирот во мал фудбал “Подареш 2025” беа постигнати рекордни погодоци во натпревари кои понудија огромна неизвесност, а публиката имаше можност да проследи и пенали.
Во првиот меч екипата на Фурна Марфи загуби од Фреит оне & KP Gebäudereinigung GmbH со резултатот од 3:4.
Во вториот меч одново настапи Фреит Оне, но за разлика од првиот, овој натпревар донесе многу поголема динамика со активна игра и неизвесности на теренот. Фреит Оне & KP Gebäudereinigung GmbH и екипата на Ан Са и Перо и Тајфата ремизираа играјќи 7:7 во регуларниот дел, додека пак во пенал серијата подобар беше тимот на Фреит Оне со 2:1.
Во третиот меч беа постигнати девет гола, Греенс Ресторан беше немоќен, Инсајд Стил го доби мечот со убедливи 2:7.
Вечерва од 20:30 часот Младите надежи на ФК Детонит Плачковица од генерација 2014.
Од 21:30 часот соочување на Еуро Дом Проект против Алекс Сим, а пак од 22:30 часот Еуро Дом Проект ќе игра со Ас Мк.
Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.