Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со прво зимско засилување: Никица Трендова се враќа во Струмица!

Сподели
Сподели

Прволигашот Тиверија Брера од Струмица го претстави своето прво зимско засилување – се работи за Никица Трендова. 18-годишната фудбалерка е повратник во редовите на струмичкиот прволигаш бидејќи за Тиверија Брера настапуваше во период од септември 2018 година до февруари 2023 година.

Во тој период Трендова настапуваше за кадетската и младинската екипа на Тиверија Брера, а имаше и деби настап за сениорскиот тим.

Трендова се враќа во добро позната средина и се очекува да биде вистинско освежување во тимот на Славе Велков за пролетната полусезона, а во Тиверија Брера доаѓа од редовите на есенскиот шампион Скопје.

Старо-новото засилување на Тиверија Брера е член на македонската фудбалска репрезентација до 19 години, а претходно беше дел од репрезентациите на Македонија до 17 и 15 години.

„Таа го познава нашиот клуб и стилот на игра што дополнително ќе ја олесни нејзината адаптација во клубот. Никица важи за една од најквалитетните фудбалерки од нејзината генерација и ќе биде вистинско освежување за нашата екипа“, велат од Тиверија Брера.

Во својата кариера Никица Трендова покрај за Тиверија Брера и Скопје настапуваше и за Скопје во период од февруари 2023 година до јануари 2024.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!