Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска конкуренција, убедлива победа и реми со два погодоци.

Тимот на Баламов Компани вечерва се „распука“ и ја „искина“ мрежата на Такси Ага, откако славеше со убедливи 11:4. Вториот меч беше далеку понеизвесен, истиот заврши без победник за делба на бодовите (1:1).

Претходно, стандардно се играат натпреварите кај јуниорите – во генерација 2014/2015 Диана Шпед со 3:6 загуби од Доне Транспорт, а пак во генерација 2012/2013 Уни Глобал беше минимално подобар од Дојранско Езеро со 2:1.

Саботната програмата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе понуди три натпревари. Кај јуниорите во генерација 2016/2017 ќе играат Јанг Бојс од Неготино против Џоко Чона од Гевгелија од 18 часот, половина час подоцна во генерација 2010/2011 ќе играат Маркет Го-Да Чонов Микро против Vibe Bar.


Во 19 часот ќе се одигра единствениот меч кај сениорите – Џокер Фурка оди на мегдан со тимот на Клик од Гевгелија.

В недела програмата нуди четири натпревари. Од 18 часот јуниори генерација 2016/2017 Мини Дриблерс против МК Гевгелија, а пак од 18:30 часот генерација 2012/2013 У-10 од Гевгелија против Џоко Чона од Гевгелија.

Во 19 часот кај сениорите Кафе Бар Проект против Илинден 2007, а пак од 19:45 часот Пролетер од Стојаково ќе го пречека тимот на Тобако Лени.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал, кој секоја вечер ја полни салата со силна поддршка на секој меч.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!