Втора лигаФудбал

Искусниот Бурхан Алији потпиша за Шкендија Арачиново!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Второлигашот  Шкендија Арачиново продолжува со засилувања во пресрет на новата натпреварувачка сезона а го претстави своето најново име – искусниот централeн играч за врска Бурхан Алији.

Со потпишувањето на Алији, тимот добива фудбалер со богато искуство, лидерски квалитети и докажана работа на домашната фудбалска сцена. Тој пристигнува од редовите на Башкими, каде што минатата сезона беше меѓу најзаслужните за стабилната игра на тимот во средниот ред.

Во својата повеќе од две децении долга кариера, 35-годишниот Алији носеше дресови на бројни познати македонски клубови – Шкендија Тетово, Силекс, Тетекс, како и косовската Лирија. Исто така, остави силен печат и во дресовите на Гостивар, Ренова и Еуромилк ГЛ, каде се истакнуваше со борбеност, преглед на играта и прецизни додавања.

Од раководството на Шкендија Арачиново очекуваат дека токму Алији ќе биде клучната алка за стабилност и креативност во средниот ред, што ќе помогне во исполнување на амбициите за успешна сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!