Ракомет

Историски момент за македонскиот ракомет: Гордана Ѓорѓеска делегат на европско првенство во ракомет во инвалидски колички

Сподели
Сподели

Македонскиот ракомет испиша уште една значајна страница во својата историја, откако Гордана Ѓорѓеска од Гостивар беше делегат на Европското првенство во ракомет во инвалидски колички – EHF Wheelchair EURO 2025.

Со ова Македонија за првпат имаше свој официјален претставник на едно Европско првенство во оваа дисциплина, што претставува големо признание и за Ѓорѓеска лично, но и за македонскиот ракомет во целина.

Европското првенство се одржа од 26 до 30 ноември во Вилнус, Литванија, под покровителство на Европската ракометна федерација (EHF). Турнирот беше посебно значаен бидејќи за првпат се играше во мешан, четири-на-четири формат, ист како на Светските првенства под капата на IHF.

Гордана Ѓорѓеска по професија е дипломиран правник, а веќе осум години активно работи како ракометен делегат и контролор во македонскиот ракомет. Таа е и EHF лиценциран делегат за ракомет на песок, како и за ракомет во инвалидски колички, зад себе имајќи бројни меѓународни EHF настани.

Иако има богато искуство на европската сцена, ова беше нејзино прво Европско првенство во ракомет со инвалидски колички, а воедно и прво континентално првенство од ваков тип во нејзината кариера – искуство кое претставува голем чекор напред и силна потврда за нејзиниот професионализам.


Што се однесува до спортскиот дел, Португалија ја освои европската титула, пред Франција и Литванија, потврдувајќи го својот квалитет во оваа растечка ракометна дисциплина.

Настапот на Гордана Ѓорѓеска како официјален делегат на ваков настан е уште еден доказ дека македонските спортски работници имаат место и признание на највисоко европско ниво, а воедно и силен поттик за понатамошен развој и промоција на инклузивниот спорт.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!