ФудбалЧетврта лига

ФК Огражден се враќа на фудбалската мапа – клубот ќе настапи со сениорски тим во новоформираната Општинска лига во Струмица

Сподели
Сподели

По иницијативата на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица за формирање на Општинска фудбалска лига за сезоната 2025/2026, ФК Огражден од Ново Село официјално ја потврди својата одлука да учествува со сениорска екипа во новото натпреварување. Одлуката била донесена едногласно на последниот состанок на управниот одбор на клубот.

Претседателот на клубот, Миле Ѓоргиев, истакна дека ФК Огражден располага со сите основни предуслови за функционирање на еден сениорски тим, вклучително и со стандарден фудбалски терен, систем за наводнување, косилка, професионална опрема за обележување и целосна спортска опрема. Ѓоргиев нагласи дека следува период на интензивни состаноци со сите чинители во проектот, со цел прецизирање на организациските и техничките детали.

„ Ги повикуваме сите поранешни фудбалери на ФК Огражден, поранешна управа, да даваат идеи, да го споделат своето искуство од минатото со нас, за заедно да го издигнеме клубот на посакуваното ниво“, изјави Ѓоргиев.

Тренерската палка ја презема Никола Аврамов, кој со голема амбиција влегува во проектот, истакнувајќи дека Ново Село заслужува стабилен и квалитетен фудбалски клуб.

„Имаме доволно време до почеток на сезоната да работиме на добри засилувања, тука се и нашите млади фудбалери за кои ќе биде искуство повеќе секој натпревар. Ново Село заслужува квалитетен фудбалски клуб и веруваме во остварување на зацртаните цели“, рече Аврамов.

ФК Огражден со оваа одлука испраќа јасна порака дека Ново Село повторно ќе биде дел од фудбалската сцена, а амбициите на клубот се насочени кон стабилност и долгорочен развој.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!