Втора лигаТрета лигаФудбал

Познато кога ќе се играат баражите за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Екипите на Слога Виница, Тетекс, Големо Коњари, Шкендија Арачиново и Преспа
Сподели

Речиси сите екипи се познати за баражот за Втора македонска фудбалска лига. Пет третолигаши и еден второлигаш во борбата за влез во Втора лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипите на Слога Виница (шампион на Трета лига – Исток), Преспа (шампион на Трета лига – Југозапад), големо Коњари (шампион на Трета лига – Југ), Тетекс (шампион на Трета лига – Запад) и Шкендија Арачиново (шампион на Трета лига – Север) се петте третолигашки шампиони, како и Осогово кој како второлигаш ќе игра бараж за опстанок.

Овие шест екипи преку ждрепка ќе формираат три двојки кои ќе се борат за влез во Втората македонска фудбалска лига за следната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Датумот за одигрување на баражите е 24 / 25 мај, односно сабота / недела, а дополнително според ждрепката ќе бидат утврдени и стадионите каде ќе се одиграат овие три натпревари.

Во текот на оваа недела следете ја ексклузивната емисија на Спортска Мрежа за тоа како ќе се пополни Втората лига, откако Воска Спорт и Гостивар се откажаа од натпреварувањето во Прва лига!


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!