Трета лигаФудбал

Вечерва во 22 часот: Разговараме за ФК Светлост и за враќање на фудбалот во Зрновци!

Сподели
Сподели

Вечерва на нашиот YouTube канал ќе имате можност да ја погледнете првата од двете емисии, посветени на ФК Светлост и фудбалот во општина Зрновци.

Првата емисија ќе биде премиерно прикажана вечерва во 22:00 часот на нашиот YouTube канал. Втората емисија ја најавуваме за крајот на месец мај, по комплетирањето на сезоната.

Во оваа емисија ќе разговараме со тренерот на ФК Светлост, Славчо Гиздовски, за враќањето на фудбалот во Зрновци, за теренот, условите, како го затекнале, а како сега изгледа теренот, како и за целите и плановите на клубот.

Исто така, имавме можност да поразговараме и со градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев, за проектите и плановите на општината во делот на спортот. Градоначалникот за Спортска Мрежа открива какви проекти и планови има општината за спортот.

  • СПОРТСКА МРЕЖА PODCAST ЗА ФК СВЕТЛОСТ И ЗА ФУДБАЛОТ ВО ЗРНОВЦИ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!