Младински фудбалФудбал

Јубилејно издание на RB голманскиот камп – шанса за младите голмани од Балканот

Сподели
Сподели

Оваа година се одбележува значаен јубилеј – 10 години од првиот RB голмански камп, проект што досега има реализирано 16 изданија во 5 држави и кој важи за еден од најпрестижните голмански кампови на Балканот, а го организира искусниот Бранислав Радојчиќ.

До денес, преку 300 млади голмани од 11 различни земји биле дел од кампот, а дел од нив денес ги брани боите на младинските и сениорските селекции на своите земји. Кампот е отворен за голмани и голманки на возраст од 7 до 19 години.

RB голманскиот камп оваа година повторно ќе се одржи во Колашин, Црна Гора, живописно место на 900 метри надморска височина кое нуди одлични услови за тренинг и престој. Учесниците ќе имаат можност да тренираат на три терени – два со природна и еден со вештачка трева, да бидат сместени во етно-комплексот „Старо огњиште“ со вклучена целосна исхрана (полн пансион), како и да присуствуваат на 12 тренинзи по 90 минути, две едукативни предавања и два излета – до Биоградското Езеро и ски-стазата „Колашин 1600“.

Кампот ќе се одржи во период од 29 јуни до 6 јули 2025 година, седум полни пансиони, 11 тренинга по 90 минути. Ќе се работи во групи, ќе има видео анализа и многу можност за напредок.

Со младите голмани ќе работат тренери со UEFA GK лиценци и искуство во клубови како Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Вардар, Војводина и други.


За сите заинтересирани, пријавувањето се врши на телефонскиот број: +381 60 06 28 987 (достапен и на Viber).

Спортска Мрежа со гордост информира дека е медиумски покровител на RB кампот уште од 2021 година, следејќи го развојот и растот на овој проект кој станува препознатлив и надвор од границите на Балканот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!