Втора женска фудбалска лигаФудбал

На две кола до крајот во Втората женска фудбалска лига – во Охрид ќе се решава кој ќе игра бараж за можен влез во Првата женска фудбалска лига.

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

На две кола до крајот во Втората женска фудбалска лига во Охрид ќе се решава кој да игра бараж за можен влез во Првата женска фудбалска лига.

Кочани е речиси сигурен шампион во Втората женска фудбалска лига, па со тоа екипата на Оливер Јовановски е пред портите на елитата, односно на враќање во Првата лига.

Кочани е на врвот со 34 бодови и има три повеќе од Вардар.

Претпоследното, 13. коло од ВЖФЛ се игра следниот викенд (26/27 април), а во негови рамки ќе го гледаме дербито меѓу Билјанини Извори и Вардар – меч на кој притисокот ќе биде кај домашниот тим кој најавува сериозна борба за бараж, но нема да му биде лесно против искусниот состав на Вардар.

Билјанини Извори остана без тренер, а причините за тоа се веќе познати во јавноста. Во следниот период се очекува решение за испразнетото тренерско столче – ќе следиме кој ќе го преземе водството на тимот од Охрид. Вардар е втор со 31 бод, а Билјанини Извори трет со 28 бодови. Второпласираниот игра бараж за пласман во Првата лига.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Првиот меѓусебен дуел заврши со победа на Вардар од 2:0 на домашен терен, што значи дека Билјанини Извори мора да победи со најмалку 3:0 за да го преземе второто место. Во секој друг случај – ако победи со 2:0, ако ремизира или загуби – Вардар ќе остане втор и ќе обезбеди бараж без разлика на исходот во последното коло против Кочани.

Вардар, под водство на младиот тренер Теодора Димитровска, која одлично работи со екипата и гради потенцијал со сопствени фудбалерки, ќе има шанса во последното коло да се бори за титулата – на домашен терен против Кочани.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица – Кочани | АРХИВА

Но, ако Вардар загуби или ремизира во Охрид, тогаш Кочани ќе гостува во Скопје како веќе крунисан шампион во ВЖФЛ и ќе биде сигурен патник во Првата лига. Особено ако се земе предвид дека во наредното коло Кочани дома игра со Победа Валандово, меч од кој речиси сигурно ќе излезе со три бода.

Првиот дуел меѓу Кочани и Вардар во есенскиот дел заврши со триумф од 3:1 за тимот на Јовановски.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Вардар и минатата сезона играше бараж, но не успеа да се пласира во елитата, откако загуби од Топ Гол, кој преку бараж остана во Првата лига.

Едно е сигурно – квалитетот во Втората женска лига е значително понизок во однос на Првата. Дополнителен показател за тоа е системот на натпреварување: во Втората лига се играат само 14 кола (седум по полусезона), додека во Првата женска лига се играат 27 кола.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица – Кочани

Дефинитивно треба да се размислува за подобрување на квалитетот во ВЖФЛ. Една од најавите е можното кратење на Првата лига на осум екипи – што би значело дека две екипи ќе се преселат во Втората лига. Дополнително, треба да се размислува и за трокружен систем, бидејќи 14 натпревари во цела сезона не се доволни за развој на младите фудбалерки.

Едно е сигурно, од Прва лига бараж за опстанок ќе игра Речица или Ас Јунајтед од Струга, битката меѓу овие две екипи е да го избегнат претпоследното место.

Факт е дека есенскиот дел заврши на 27 октомври 2024 година, а пролетниот започна дури на 1 март 2025 година. Тоа значи дека фудбалерките од Втората лига беа без официјален натпревар цели 125 дена, односно 17 недели и 6 дена, или над 4 месеци!

Уште еден сериозен проблем за второлигашите се и финансиите, иако има најави за 2 до 3 нови екипи за следната сезона според информациите на Спортска Мрежа, сепак исто така и според наши информации веќе две екипи размислуваат следната сезона да не се натпреваруваат во ВЖФЛ. Ќе бидиме што ќе донесе следната сезона.

Останува да видиме како ќе се финишира сезоната во ВЖФЛ – дали Кочани ќе го подигне шампионскиот пехар веќе на 27 април, или ќе мора да чека до последното коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Четири гола на Осман Мустафа: Голема победа на Јувентус Серава над Форца

Јувентус Серава вечерва славеше голема победа над ланскиот шампион Форца со резултат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!