Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во Трета лига регион 4.

По четири кола клубот од Неготино е без триумф и резултатски во целост потфрла, но сега има уште посериозни проблеми, освен резултатските.

  • Во продолжение целата одлука:

Врз основа на член 121 од Дисциплинскиот Правилник на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ во понатамошниот текст), Одлуката 12/26 на комесарот за натпреварување на Трета лига, Регион 4. Поради неисполнети финансиски обврски на ГФК Вардар Неготино а врз основа на член 30а од Пропозициите за натпреварување во Третите Македонски фудбалски лиги за натпреварувачка 2026/2027 година, ја донесувам следната:

О Д Л У К А

ГФК Вардар Неготино од Неготино се суспендира од натпреварувањето во Трета лига, Регион 4.

Суспензијата на клубот трае до подмирување на финансиските обврски кон Фудбалскиот сојуз и службените лица на одиграните натпревари.
Одлуката стапува на сила од ден 07.10.2026 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

По разгледување на документите за неплатените обврски на ГФК Вардар Неготино извршено на ден 07.10.2026 година, се утврди дека ГФК Вардар Неготино заклучно со ден 07.10.2026 година ги нема подмирено финансиските обврски кон Трета лига, Регион 4 и службените лица на одиграните натпревари.

По утврдената состојба а врз основа на член 30а од Пропозициите за натпреварување во Третите Македонски фудбалски лиги за натпреварувачка 2026/2027 година, ГФК Вардар Неготино е суспендиран од натпреварувањето.

При ваква утврдена фактичка состојба и со примена на одредбите на Дисциплинскиот правилник на ФФМ и Пропозициите за натпреварување во Третите Македонски фудбалски лиги за натпреварувачка 2026/2027 година се одлучи како во диспозитивот на одлуката.

По четири одиграни кола во Трета лига регион 4 екипата на Вардар Неготино има две ремија и два порази и се наоѓа на 11. место со два бода.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба од ФК Вардар за наводен неправилен настап на фудбалер на ГФК...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе претрпи промени и во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот...

Поврзани написи
КупФудбал

ФК Вардар поднесе жалба за неправилен настап на фудбалер на Тиквеш

На 29 октомври 2026 година, во Фудбалската федерација на Македонија пристигнала жалба...

КупФудбал

Судискиот одбор одговори на критиките по куп натпреварот Вардар – Тиквеш

Во врска со натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Тиквеш од Купот...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв...

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!