Останато

Македонскиот шампион Александар Волкановски повторно УФЦ шампион!

Сподели
Сподели

Македонскиот УФЦ борец, Александар Волкановски, ја врати титулата во своја сопственост, докажувајќи дека нема граници за храброст и упорност. На спектакуларниот УФЦ настан, Волкановски го победи Бразилецот Диего Лопез по пет рунди, освојувајќи го појасот во перолесната категорија и влегувајќи во историјата како првиот борец кој по 35 години успеал да го врати ова престижно одличие.

„Пресреќен сум што се вратив на овој начин. Никогаш не сум почувствувал толку љубов. Чувствував дека е мое време и сиот овој изминат период им кажував на моите девојки дека ќе им го вратам појасот. Многу луѓе не веруваа во мене, бидејќи се борев за шампионската титула по два порази со нокаут. Но, ете докажав кој сум и на 36 години. Ова е незаборавен момент за мене“, изјави Волкановски по победата.

Сепак, патот до победата не беше лесен. Во текот на борбата, Волкановски доби силен удар во левото око, што го остави без вид за неколку моменти. Иако ја изгуби јасната визија, тој продолжи да се бори со неизмерна храброст и решеност да победи.

„Добив силен удар во окото и го загубив видот. Се обидував да го средам окото и видот се враќаше со тек на време, но можев да гледам заматено. Сепак, можев подобро да проценам ситуацијата и да се борам со ривалот“, додаде Александар.

Ова е момент кој ќе остане запишан во историјата на УФЦ како една од најголемите и најинспиративни победи на македонскиот борец. Волкановски ја потврди својата позиција како еден од најголемите борци на денешницата, и на 36 години докажа дека возрасните бројки не се пречка за вистинските шампиони.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!