Трета лигаФудбал

Поради обилни врнежи од снег одложени сите денешни мечеви во Трета лига регион 5

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Поради обилни врнежи од снег, сите денешни мечеви од 12. коло на Трета лига регион 5 се одложени. Дополнително ќе се утврди новиот термин за одигрување на натпревари.

Од 12. коло на Трета лига регион 5 беше одигран само вчерашниот воведен меч меѓу Напредок и Влазерими, за што веќе Спортска Мрежа објави комплетен извештај за кичевското дерби.

„Се известуваат сите фудбалски клубови, судии, контролори и делегати дека поради неповолните временски услови, обилните врнежи од снег и состојбата на фудбалските терени, сите натпревари од 12. коло на Трета МФЛ – Регион Пет, предвидени за денес, 29.11.2026 година (недела), СЕ ОДЛАГААТ. За новиот термин на одигрување на одложените натпревари, клубовите и службените лица ќе бидат дополнително и навремено известени.“

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втора победа за Македонија У19, Калина Попески стрелец на голот за Македонија!

Женската фудбалска репрезентација до 19 години продолжува со одличните настапи на квалификацискиот турнир во Србија, откако денеска ја забележа втората победа, совладувајќи ја...

Останати репрезентацииРепрезентација

Ведрана Тунески освои бронза на Европското кадетско првенство во таеквондо

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески оствари одличен успех на Европското кадетско првенство во Романија, освојувајќи бронзен медал и потврдувајќи го својот потенцијал на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа го декласираше Вардар Неготино со ДЕСЕТ гола, убедлив триумф за Бучин и за Победа од Пепелиште

Вистински дебакл за Вардар Неготино откако беше поразен во Прилеп од Победа...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок, постигнати седум гола

Лидерот Влазерими го доби кичевското дерби со Напредок откако славеше со 3:4...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс не се појави на мечот со лидерот Каршиака – комбето на штипјани останало во дефект

Натпреварот од 7. коло на Втората футсал лига меѓу лидерот Каршиака и...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!