Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говори за одличните односи со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА.

Чеферин, кој престојуваше во Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и го следеше натпреварот меѓу Македонија и Словенија од Лигата на нации, не го криеше задоволството од повторната посета на нашата земја. Посебен повод за средбата беше и роденденот на претседателите на двете фудбалски федерации, Масар Омерагиќ и Раденко Мијатовиќ.

Првиот човек на европскиот фудбал испрати јасна порака за довербата во раководството на ФФМ, нагласувајќи дека македонскиот фудбал е во добри раце. Тој ја истакна и важноста од трпение и континуирана работа во процесот на создавање конкурентна репрезентација.

„Луѓето постојано ги гледаат само резултатите на А репрезентацијата, но мора да разберат дека тоа е процес. Доаѓам од земја со приближно иста големина како Македонија и знам дека е потребно време за да се создаде вистинската генерација за вистински резултати. Македонската федерација се движи во вистинска насока. Колку што сум запознаен, ја подмладивте репрезентацијата и сметам дека јавноста треба да ви даде малку време. Македонија повторно ќе игра на Европско првенство“, порача Чеферин.

Претседателот на УЕФА посебно ја потенцираше добрата соработка со Масар Омерагиќ, за кого смета дека е одличен избор за прв човек на македонскиот фудбал.

„Тој е остроумен, го разбира фудбалот, но и спортско-политичките односи. Со него нема потреба многу да се објаснувам. Често сме во контакт, но не трошиме многу време бидејќи се му е јасно. Затоа сум сигурен дека македонскиот фудбал е во добри раце“.

Чеферин зборуваше и за инвестициите на УЕФА во инфраструктурата, предизвиците со кои се соочуваат помалите федерации и потребата од поголема поддршка од државните институции и локалните самоуправи. Тој нагласи дека средствата од европската куќа на фудбалот се контролираат и дека федерациите во најголем дел ги користат домаќински и одговорно.

Во интервјуто, првиот човек на УЕФА ја истакна и суштината на европскиот модел на солидарност, според кој секоја национална федерација има еднаков глас и рамноправна позиција, без оглед на големината на земјата или фудбалската моќ.

„Македонската федерација не е само обичен член на УЕФА, туку подеднакво валиден член како Англија, Германија, Франција или Италија. Секоја година правиме се повеќе на полето на солидарноста. За солидарност издвојуваме над 240 милиони евра, наменети за клубовите кои не учествуваат во европските натпреварувања. Имаме огромен буџет, а дури 97 проценти од средствата се враќаат назад во фудбалот“, истакна Чеферин.

Тој потврди дека ќе ја продолжи својата работа на чело на УЕФА, посочувајќи дека добил поддршка од сите 55 национални федерации членки, а како свој главен приоритет ја наведе заштитата на фудбалот и зачувувањето на солидарниот модел на европската фудбалска организација.

На крајот, во малку поинаков тон, Чеферин откри и дел од приватниот живот, зборувајќи за семејниот миленик Тито, шарпланинец кој го доби како подарок од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, за време на неговата претходна посета на Македонија.

„Тито е одличен. Моето семејство повеќе не може да го замисли животот без него. Огромен е, ништо не слуша, но се бориме“, со насмевка раскажа Чеферин.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Турнири

ФК Кожуф од Гевгелија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup и со тоа ја засилува конкуренцијата на овој меѓународен турнир на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!